За половина метар под апсолутниот минимум, измерен во 2008 година, падна нивото на Пресапнското Езеро. Сега е 5 метри и 30 сантиметри под нормалниот водостој. Додека ова езеро неповратно исчезнува, надлежните ги прават првите чекор за негово спасување. Дваесетчлена експерстка група изготви акционен план со извештаи и анализи, во кои се наведува дека човечкиот фактор и климатските промени, посебно во последните 30 години, се клучни за големите загуби на вода.
Користење на водата за наводнување, поставување затворачи со кои се контролира истекот од Mалото во Големото Преспанско Езеро, бушотини за индивидуално црпење на вода, но и високите темпеартури, се причина за драматичниот пад на нивото на Преспанско Езеро.
Сите овие човекови активности, директно условуваат брзо спуштање на водостојот, а зголемените температури на воздухот, намалената влага и ветровите, го забрзуваат процесот на испарување, што доведува до забрзано губење на големи количини на вода. Реално, на годишно ниво, антропогените влијанија како што се црпењето, наводнувањето, спречувањето истек од Мала во Голема Преспа, истекувањето кон Албанија, изгледаат, но ако се анализраат овие бројки ќе се види дека и тие влијаат на тоа што му се случува на Преспанското Езеро во изминатитве 30 и повеќе години, се наведува во извештај на УХМР.
Во извештајот се наведува дека проблемот на Преспанкото Езеро нема да исчезне без заедничка заштита на трите држави кои го делат – Македонија, Грција и Албанија, за што е потребен заеднички мониторинг и контрола.
Без континуиран заеднички хидрометеоролошки мониторинг и мониторинг на користење на водите од страна на сите три држави, тешко може да се изработи биланс на водите во сливот и на езерото, а без заедничка заштита од страна на трите држави тешко може тоа да се заштити, стои во извештајот на УХМР
Во акцискиот план утврден е сет на итни, среднорочни и долгорочни мерки, со временска динамика и финансиска конструкција за нивно спорведување. Документот е доставен до Владата минатата недела, која пак ги задолжи сите институции кои се вклучени да се произнесат за потоа да се усвои акцискиот план и да се пристапи кон негова реализација во најбрз можен рок, се вели во Информацијата од Министерството за животна средина.
Емилија Мисирлиевска