Македонија Топ вести

Легално набрана, ама украдената марихуана ќе се гони како шверц на дрога-осомничени 8-мина

Истрагата за кражбата на камион со марихуана кој беше украден во валандовско Јосифово, а најден во скопско Арачиново- се проширува, ама министерот за внатрешни работи не дава дополнителни податоци освен покачениот број на осомничени.

Истрагата се води и тоа не треба да се одвива пред камерите, најден е дел од марихуаната, се моменти кои ги открива Спасовски, додека за другото нема детали.

-Во моментот со пријавата се опфатени 8 лица. За сите лица за кои се води истрaга сигурно ќе се бара притвор бидејќи ова е акциска контрола која знаете е за сузбивање на недозволена трговија и шверц со дрога. Најденото е дел од количината што е украдена во Јосифово, а за тоа колку е најдено се уште се вршат активности и дополнително ќе соопштиме, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Попладнево обвинителството излезе со соопштение дека се бара притвро за 6-мина и дека се најдени околу 11% од украдената марихуана без детали за тоа каде е остатокот и дали е прошверцуван и вон Македонија.

Истрагата која ја води одделот за криминалистичка полиција сега е насочен и кон групата од Арачиново, но се води и во Јосифово за да се открие како е украдена.

Товарот и објектот го чувал еден чувар, а законска обврска е фирмата да има постојано обезбедување, 24-часовно видео снимање на објектот, но и следење на произведеното.

Контролата дали овие заштитни мерки се спроведуваат е во здравство, а МВР е надлежна само за агенциите за обезбедување, вели Спасовски.

Украдената марихуана беше најдена завчера во полициска акција која според информациите на Телма почнала по дојава за судир на две семејства во Арачиново, а на крај се претвори со полициско откритие.

Но многу детали и натаму се нејасни, а се отвори и прашањето колку насадите и производите од канабис-фармите се безбедни за да не паднат во криминални комбинации.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Убиени секретарка и советник на градоначалничката на Мексико Сити – заседа среде бел дел во центарот на градот

Дејан Дејан

Акција против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“ – претреси на пет локации во Скопје

Дејан Дејан

Брисел е пред банкрот, расте криминалот, улиците се полни со дрога, вели министерот за внатрешни работи на Белгија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе