Македонија Најважни

Македонските власти остануваат оптимисти и покрај лошите вести од Брисел

Оптимизмот не ги напушта владеачките функционери и покрај тоа што се поизвесно е дека земјава нема да ги почне преговорите со ЕУ после блокадата од Бугарија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека сепак постои теоретска можност да се отвори прашањето за проширувањето.

Сепак јасно е дека се помали се можностите тоа да се случи неделава на министерскиот и на состанокот на лидерите од земјите-членки на ЕУ.

За Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров бугарската блокада е голем удар за европската политика кон Балканот.

И тој е разочаран но порача дека не смееме да сме очајни. Сега власта со помош на европските партнери кои сметале дека треба да се почнат преговорите ќе работи земјава да се европеизира.

Заедничката порака дека нема алтернатива од европскиот пат денеска ја споменува и претседателот на државата Стево Пенадровски но во одговор на обвинувањата дека Македонија ја отфрлила понудата да влезе во Европската Економска Зона.

После неговата изјава од вчера во која го обелодени ова, регираа од ВМРО ДПМНЕ.

Го обвинија Пендаровски дека дури не го знае ни името на организацијата која дозволува слободни пазари меѓу државите од ЕУ но и норвешка исланд швајцарија и велика британија.

Ова го оценуваат како скандалозно однесување и пропуштање на шанса за олеснување на трговијата.

Во одговорот на Пендаровски пак се наведува дека лани во октомври кога исто така беше одложено отворањето на преговорите циркулирала идеја за алтернативно членство во Европската економска зона.

Но со консензус на политичките лидери меѓу кои и Христијан Мицковски од ВМРО ДПМНЕ било договорено дека не ни требаат алтернативни облици на економска соработка со ЕУ, туку полноправно членство во унијата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе