Вести Македонија Топ вести

Се уште трае полициската акција во Арачиново

Полициската акција која започна синоќа во скопско Арачиново, а е поврзана со заплена на марихуана сè уште трае, па од МВР во овој момент не можат да споделат повеќе детали освен дека станува збор за заплена на поголема количина.

„Уште се постапува во врска со акцијата во која е запленета поголема количина марихуана. Кога акцијата ќе заврши целосно, ќе соопштиме повеќе информации“,

велат од МВР.

Неофицијалните информации, кои веќе се појавија и во дел од медиумите, се дека станува збор за марихуаната која во петокот беше украдена од магацин за склад на марихуана во Јосифово.

Тогаш МВР во полицискиот билтен сподели информација дека кражбата се случила околу 3 часот наутро.

„На 04.12.2020 околу 03.00 часот, во Полициска станица Валандово е пријавена кражба на марихуана од склад за марихуана на фирма во село Јосифово. СВР Струмица презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“,

соопштија тогаш од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе