Македонија

Македонските ученици стекнуваат знаења, но не ги користат во животот

Учениците во Македонија стекнуваат знаења, но не ги применуваат во секојдневието, каков што е светскиот тренд, истакна министерката за образование.

Најголем процент од нив го репродуцираат своето знаење или се обучени за тоа. Наспроти она кое е светски тренд, а тоа е дека тие треба да се оспособат да го искористат своето научено знаење во непознати ситуации во училиштето и надвор од него, изјави министерката Мила царовска.

Резултатите на меѓународното тестирање ПИРЛС покажаа дека учениците од Македонија, од четврто одделение, во 2001 и 2006 година се со исти и полоши резултати во однос на врсниците од светот.

Ние бевме далеку под меѓународниот просек и немавме никакво подобрување во рок од тие 5 години. Сега работиме интензивно да покажеме тренд на подобрување, вели Бети Ламева- Национален координатор и раководител на сектор во Државниот испитен центар.

Во однос на ПИСА тестовите, базирани на знаењата од основното образование, а наменети за учениците во прва година од средните училишта, резултатите во 2018 се подобри од тие покажани на тестирањето во 2015 година. Македонија и Турција покажале подобрување на резултатите во однос на останатите земји учеснички на тестирањето.

Во 2015 година имаме тренд на опаѓање , но 2018 драстично зголемување во однос на претходната година и сме една од државите со најголем пораст во однос на претходниот циклус на ПИСА тестирањата, вели Ламева.

Анализата покажува дека девојчињата имаат подобри резултати на тестовите од момчињата, по предметите читање со разбирање, математика и природни науки, за разлика од светот каде момчињата се подобри во математика и природни науки.Учениците од  гимназиите и од средно уметничко образование покажале подобри резултати од оние во средно стручно. Пробното ПИСА тестирањето по електорнски пат, ќе се одржи во април и мај, следната година. Ќе вклучи 3.000 ученици од 50 средни училишта. Тестовите ќе бидат по: мајчин јазик, физика, хемија, биологија и математика. А , главното ПИРЛС тестирање со кое како држава ќе се рангираме, опфаќа 4.000 ученици од 150 основни училишта. Од учениците се очекува да одговорат на тестовите со поврзување факти, а не само да даваат директни одговори, рекоа надлежните.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе