Македонија Најважни

Конфликт на интереси во врвот на МЕПСО, ДКСК директно ќе бара мислење за директорот Куштрим Рамадани од државната компанија

Откако владата се амнестираше дека не го избрала новиот директор на МЕПСО иако била предупредена од Антикорупциската комисија за потенцијален судир на интерес, ДКСК сега директно ќе се обрати до управниот и надзорниот одбор на МЕПСО за да се произнесат по нивното мислење за директорот Куштрим Рамадани.

На утринскиот колегиум во ДКСК е одлучено да се реагира во МЕПСО, бидејќи од владата топката за конфликтот на интереси е префрлена во блиското седиште на енергетската компанија.

А во владата оценуваат дека професионализмот на Рамадани бил пресуден за предлогот Куштрим Рамадани да премине од Регулаторната комисија за енергетика директно во директорското столче во МЕПСО иако антикорупциската комисија има мислење дека со тој трансфер на директорот Рамадани се кршат два закони и има конфликт на интереси.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека владата ги почитува мислењата на ДКСК, но слушнал дека во владата е проценето дека нема судир на интереси во случајот Куштрим Рамадани.

-Зборуваме за виден професионалец во областа, човек кој долги години наназад служел во Регуалторната комисија и токму затоа е дадена одлуката тој да преземе толку важен ресор во државата. Го немам прочитано одговорот на Државната комисија за спречување на корупцијата, но тоа што го слушнав на една од состаноците, е дека ние сметаме дека нема потенцијален конфликт на интереси. Доколку имаме такво јако укажување, ќе се земе предвид, изјави Фатмир Битиќи, потпретседател на владата за економски прашања.

За колизијата на мислењата меѓу владата и антикорупционерите, за битната за ЕУ интеграции област, евро-амбасадорот Дејвид Гир на прашањето на Телма само посочи дека е интерна работа на две институции и конкретна ситуација.

Антикорупционерите оценија дека со изборот на Куштрим Рамадани се кршат и законот за енергетика и законот за спречување на судир на интереси бидејќи по членство во Регулаторната комисија за енергетика, законски е тој член да одмори две години од слични функции во енергетскиот сектор за да бизнис тајните од регулаторното тело не ги користи на новото работно место.

-Претседателот и членовите на РКЕ во рок од две години по престанувањето на вршењето на јавните овластувања и должности, не можат да бидат именувани како членови на орган на управување на вршителите на регулирани енергетски дејности како и на вршителите на енергетски дејности на кои што им е наметната обврска за обезбедување на универзална, односно јавна услуга со оглед на надзорната функција која ја има РКЕ врз овие тела“ – гласи дел од мислењето на антикорупциска комисија, кое е барано од претседателот на владата Зоран Заев.    

А Рамадани кој имал долга енергетска биографија, ги исполнува и овие ограничувачки услови откриени од ДКСК по директно барање на премиерот Заев.

Владата се брани дека не го бирала, МЕПСО тврди дека нема судир на интереси, но антикорупционерите сега директно ќе го пратат своето мислење во компанијата и ќе бараат компанијата сама да одлучи дали ќе го задржи конфликтот на интереси во свој двор.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе