Македонија

Во Штип сите заразени се со симптоми

Есенскиот бран на коронавирусот си ја покажува својата сила. Во штипскиот регион сите заразени се со симптоми без разлика дали болеста ја поминуваат полесно или завршуваат во болница.  Aсиптоматски случаи веќе нема. Според бројките на Центарот за јавно здравје доминираат работници во фабрики, но има и административци  во сите државни и локални институции, а овде се  и студентите.

Работоспособното население било на удар на вирусот во ноември, од 20 до 59 години регистрирани се 450 случаи, а над 60 години бројката е 114. Битката со вирусот во изминатите 24 часа ја изгубиле двајца пациенти од Штип на возраст од 60 и 69 години. Секојднево се менува и бројката на хоспитализирани во регионалниот Ковид центар,над половината се борат за здив, од 53 со вакви боци за кислород покрај болничките кревети се 33 пациенти.

Поради изборите во Штип болницата не може да прави итни набавки, па битката со вирусот е отежната. Во моментов компаниите помагаат со донации. Колку е безбедна кампањата на терен на петмината кандидатите за градоначалници и дали ги почитувале мерките ќе покажат бројките на новозаразени во текот на неделава или по 13 декември. Формирани се пет лекарски тимови за своето право на глас го искористат и болните, но и оние кои се изолирани поради контакт со нив.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе