Македонија Најважни

Пратениците сложно изгласаат над 3 милиони евра за политичките партии

Без свиркање , без караници и надвикувања од собраниската говорници –пратениците сложно кренаа рака и го изгласаа Законот за финансирање на политичките партии.

3.5 милиони евра или 0.10 од буџетските пари што им беа скратени на партите за време на вонредната состојба, сега без да се обвинуваат меѓусебно и да ја префлаат вина едни кон други, како вообичаено, со потребниот кворум го донесоа закон и до крај на месецот милионската сума ќе им легне на сметките.

Овие измени ќе важат само за оваа и за 2012 година. Всушност законот претходно им дозволваше не 0.10 туку 0.15 проценти од буџетот.

Но поради кризата од пандемијата летово ова е изменето и со уредба со сила на закон сепак беа предвидени само 0.4 проценти.

Во превод тоа значи дека законот им дал 5.2 милиони евра, уредбата им ги намалила на 1.1 милион и сега се прави обид за да се дојде до 3,5 милиони евра.

Или хронолошки , ваквите дебати се отворија уште во март месец кога беше прогласена вонредна сотојба поради корона пандемија.

СДСМ декларативно се откажаа, а од опозицијата  овмро дпмне рекоа дека кога пратениците би се откажале од платите кои ги земаа а не работеа, тогаш и тие ќе се откажат од парите.

Сепак, на крај министерката Рената Дескоска пресече и со уредба владата го прифати  нејзиниот предлог само 0,04 проценти од буџетот на државата да отиде во партиски каси. Тоа значеше дека колачот од 320 милиони денари, се намали на 71 милиони и 500 илјади денари.

Уредбата се донесе на 19 јуни, а парите 1,1 милион евра на сметките легнале три дена подоцна.

Тасева претседателка на Трансперенски Интернешнл, вели дека ваквите суми се превисоки, а и дека јавноста не била доволно, информирана за експресното носење на законот.

Предлагач на измените на законот се министерството за правда, а документите до Собранието стасале со потпис и од премиерот Заев, но и од министерот Маричиќ и неговиот заменик Агим Нухиу.

Под превезот на тоа дека се даваат помалку пари за партиите отколку други години , ова ставка е и насловена како Трансфер до невладини организации и покрај тоа што станува збор за политички партии.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе