Македонија Топ вести

Собранието експресно ги усвои законите од четвртиот сет мерки

Без дебата,  Собранието експресно ги донесе законите кои се однесуваат на  четвртиот сет антикризни мерки. Со нив ранливите категории ќе добијат помош од по 6000 денари, а финансиска подршка ќе има и за  лозарите.   Опозицијата даде зелено светло  и најави дека нема да прави блокада на ниту еден закон кој е од интерес на граѓаните.

Владејачкото мнозинство обезбеди 62 пратеника а опозицијата кворум за работа во Парламентот. Сите пратеници  дадоа подршка на законите кои се дел од 4 сет  мерки за ублажување на последиците од Ковид 19. Граѓаните со ниски примања,самохраните родители, децата без родители, филмските работници и уметници ќе добијат помош од државата од по 6000 денари кои ќе треба да ги потрошат најдоцна до 25 декември. Откако законот ќе стапи на сила потребно ќе биде да се утврди листата на корисници и даватели на македонски производи и услуги.За разлика од минатиот пакет мерки овојпат нема да се издаваат платежни картички туку средствата ќе се исплаќаат на трансакциска сметка.

Финансиска подршка е предвидена и за лозарите преку субвенции.Иако опозицијата имаше забелешки на висината на сумата која се издојува како помош сепак тие гласаа за законот.

ВМРО ДПМНЕ најави дека секогаш ќе подржува зкаони кои се од интерес за граѓаните но не и за оние за кои нема дијалог и консензус, анализа , јавна дебата и усогласување со опозицијата.

Jулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе