Македонија

Уапсен Гевгеличанецот кој украде марихуана од полициската станица во градот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 34 годишниот Г.Ј од Гевгелија, вчера бил уапсен за кражба од 29-ти ноември, кога насилно влегол во полициската станица во градот и украл марихуана.

Според информациите на полицијата, тој од просториите на отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија, одзел 24 суви растенија Канабис сатива и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија Канабис сатива.

МВР соопштува и дека при претресот на домот на пријавениот во Гевгелија, биле пронајдени одземените предмети а тој се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници , по што бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Гевгелија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе