Покрај вакцините кои се обезбедени преку Ковакс системот, државата бара дозвола и директно да набави вакцини од производителите на „Фајзер“ и „Астра Зенека“ за да се вакцинира целото население.
Преку КОВАКС системот, Македонија ќе добие најдоцна до март 800.000 дози доволни за имунизација на 400.000 луѓе. Приоритет имаат здравствените работници, па потоа хронично болните, и останатите ранливи категории на граѓани.
Се чека донацијата од САД за фрижидерите во кои вакцината на „Фајзер“ ќе може да се чува на минус 70 степени.