Вести Македонија Најважни

Историчарите втор ден ги соочуваат аргументите за Гоце Делчев и учебниците

Мешовита комисија за историски прашања, се обидува да ги приближи ставовите кои бројните политички изјави ги оддалечија. Но, и покрај најавеното вето од бугарска страна, Скопје со пораки дека разговорите со Софија ќе продолжат до конечно решение.

Македонско-бугарската комисија вчера ја започна дводневната средба посветена на содржината во македонските учебници по историја за средновековниот и раноосманлискиот период и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

Официјалното соопштение за тоа што е постигнато се очекува денеска, иако пред два дена бугарскиот копретседавач Ангел Димитров, за БГНЕС навести неуспех по одредени прашања, посочувајќи на разлики во изјавите на политичарите и мислењата на македонските историчари. Драги Ѓорѓиев, копретседавачот од македонската страна, пак оцени дека е академски неприфатливо работата на историчарите да се подредува на политички барања.

Премиерот Зоран Заев пак порача дека работата на Комисијата се одвива во пријателска атмосфера, што го оцени како сигнал дека сите се трудат да биде постигнат напредок. Тој изрази уверување дека многу брзо ќе има и решенија, преку кои, како што рече, ќе го градиме заедничкото пријателство на двете земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе