За Црвениот крст вели дека е неговиот втор дом веќе осум години. И додека голем број негови врсници се мислат како да го минат своето слободно време Марио Стојковски нема дилема дека волонтерство сосема му го променило начинот на живот.
Да се помогне некому и да се види насмевката на нечие лице во овие тешки времиња е тоа што најмногу ни треба, вели тој.
Во Црвениот крст почнав многу одамна и можам да кажам дека тоа е една од најдобрите мои животни одлуки што сум ги донел и сум ја сменил таа рутина од школо дома и сум почнал да правам нешто корисно за заедницата и за мене општо. Можат да се вклучат сите кои имаат желба, има најразлични активности каде што можат да се вклучат дали се онлајн едукации дали семинари, вели Марио Стојковски, лидер на клубот на млади на “Црвен крст”.
Самото волонтерство имало голема улога и во начинот на кој созревал градејќи пријателства не само меѓу волонтерите, туку и со оние луѓе на кои им била потребна помош, вели Стојковски.
Можам да кажам дека лицата со попреченост се едни од нашите најдобри другари и надвор од активностите што ги имаме . Ние се слушаме со нив постојано и приватно се дружиме, веќе не ги гледаме како некому која му е потребна помош туку како наши другари. Идеме заедно во кино, имаме музички работилници, излегуваме на кафе со нив и работиме за нивна социјализација и едукација. Им укажуваме на луѓето дека сите сме исти, изјави Стојковски.
Во пресрет на Новата година и празниците кои се ближат волонтерите со апел да бидеме свесни за сето она што го имаме, да се обидеме да помогнеме на оние кои се најмногу засегнати во пандемијата и при тоа да бидеме свесни дека некогаш малку треба за да го разубавите животот некому .
Нина Стефанова