Македонија Најважни

Бугарските историчари ја оспоруваат придавката “македонски” – преговорите на комисијата пред фијаско

Јазот во историската комисија се подлабок. 11-тата средба, очекувано, заврши без никаков напредок, но на површина испливаа нови несогласувања и проблеми внатре во Комисијата. Гоце Делчев сега е во втор план.

Придавката „македонски“ е камен на спонување поради кој записниците од средбите не се потшишани а тука е и гледањето на државата на Цар Самоил за која бугарскиот дел од комисијата е ригиден и бара во учебниците да влезе како бугарско царство.

Образложувајќи зошто се противат на придавката „македонски“ да биде во записниците, копретседателот Димитров се повика на Доворот за пријателство од 2017 година.

Ги обвини македонските историчари за блокада и дискредитација на Бугарија.

Копретседателот и шеф на македонскиот тим, Драги Ѓоргиев, објасни дека праксата да се изоставува придавката македонски била воведена од бугарските колеги по шестата средба и за тоа не биле известени.

Околу овој проблем веќе се дискутира на повисоко ниво меѓу двете држави а наредната недела ќе има средба во скратен состов токму околу ова прашање.

Ако на последната средба се дикутирало само триесетина минути за Гоце Делчев, фокусот бил на државата на Цар Самоил и тесктот во препораката која ќе биде доставена до Владите и со тоа вметната во учебниците.

Димитров за изјавите на бугарскиот државен врв поврзани со македонската држава, народ и јазик и од кои не се огради,  смета дека нема ништо спорно и дека не се навреди за македонскиот народ.

Одговарајќи на новинарски прашања Димитров ги повтори тврдењата дека македонската држава е продукт на Коминтерната но потоа ретерираше објаснуваќи дека за ова дополнително ќе се разговара во Комисијата кога ќе биде точка на дневен ред.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Во Македонија најмногу се конзумира канабис – најчеста причина е намалување на стресот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе