Вести Македонија Топ вести

Без оптимизам се чека исходот од состанокот на историската Комисија

Денеска финишира единаесеттата срдба на мешовитата историска комисија која се одржува во можеби најтешкиот момент од нејзиното формирање и со силен политички притисок поради сериозните разлики во ставовите меѓу Скопје и Софија и тензии меѓу двете држави. Од состанокот, кој се одржува онлајн, јавноста нема големи очекувања дека ќе се случи било какво приближување во ставовите и евентуално решение околу ликот и делото Гоце Делчев.

Ова пред се, се должи на острите изјави и реплики кои пред почетокот на состанокот си ги разменија давјацата копретседатели на Комисијата, Драги Ѓорѓиев и Ангел Димитров.

За Димитров е спорно што македонските историчари имаат различен став и гледишта од политичарите како во Македонија така и во Бугарија. Димитров потенцираше дека историчарите имаат монмолитен став со Захариев Каракачанов и Борисов.  Состанокот тој  однапред го суди на неуспех, тврдејќи дека македонските колеги прават се за да ја саботираат работата.

Ѓорѓиев возврати и одговори дека место за политика во работата на историчарите нема и дека тој е зачуден од изјавата на Димитров и ставот дека науката треба да се подреди во служба на политичките барања и насоки како и дека однапред бара оправдување за евентуалниот неуспех на средбата од состанокот.

На единаесетиот состанок кој се одржува он лајн поради епидемијата на коронавирусот ќе се разговата за содржината во учебниците за повисоките класови во основните училишта и за нерешливот проблем, македонскиот револуционар Гоце делчев. Ова е шетсти состанок по ред каде што камен на сопнување е ликот и делото на Гоце Делчев за кој македонските и бугарските исоричари имаа сериозни разлики во гледиштата.

За епилогот од оваа средба попладнево на прес-конференција ќе реферираат Ѓорѓиев и Димитров.

Вчера МАНУ, УКИМ и МПЦ излегоа со заеднички меморандум, насловен како „македонски манифест“ во кој бараат  дијалогот со Софија да се води на рамноправна и принципиелна основа, со почитување на меѓународното право и сознанијата на науката.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе