Македонија Топ вести

Мешовитата комисија онлајн ги „чешла“ македонските учебници по историја

Македонските и бугарските историчари од рано утрово ја разгледуваат содржината на нашите учебници по историја. Поради пандемијата, овојпат работат онлајн. Главна тема им е  средновековниот и рано-османлискиот период, иако неизбежно  ќе се разговара и за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев. Но, не откриваат дали досега постигнале некаков компромис. Велат дека ќе се воздржат од коментари до утре, кога ќе завршат со работата. Сепак, копретседавачот од бугарска страна, Ангел Димитров, предвреме навести неуспех по одредени прашања. Во интервју за БГНЕС, вината за тоа ја префрли на македонските колеги.

Професорот Ѓоргиев, кој е копретседавач од македонска страна, е зачуден од изјавата на неговиот колега.

Ова е  11-та средба на македонско-бугарската Комисија. На претходната беа разгледувани и усвоени препораки за бугарските учебници за овие периоди.

За период од две години, усвоени се препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото. Дадени се  и препораки за подобрување на учебниците за 6 клас во Бугарија, односно 7 одделение кај нас.Комисијата има препорачано и заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Градоначалникот на Кисела Вода влегува во трка за Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе