Македонија Најважни

Политико: Вархеји не е пресуден за остранување на блокадата помеѓу Бугарија и С.Македонија

Во рамки на својата анализа,Политико пишува дека еврокомесарот за доврососедство и проширување, Оливер Вархеји,не се покажува како клучен во работата на Европската комисија.

Имено, оцената е дека Вархеји не е пресуден за остранување на блокадата помеѓу Бугарија и С.Македонија, и дека за тоа се прашува германското претседателство.

Според Политико, еврокомесарот се вели дека е поблаг кон Софија, односно не Европската народна партија не е доволно остра кон премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Кога зборува за Србија, изгледа е подготвен да ги затвори очите поради блиските врски на Србија и Унгарија во енергетскиот сектор, вели дипломат.

„Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на С Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов. Вархеји е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина“, пишува „Политико“ и додава:

„Додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земени се мерки за компресивна облека за повредените од пожарот – никој не кажува колку ќе чини тоа и кој ќе плати

Дејан Дејан

СДСМ бара детали за британскиот заем пред да биде ратификуван договорот

Дејан Дејан

Сиљановска уште размислува за гувернер, Мицкоски негира дека имаат различни фаворити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе