Македонија Најважни

Вархеји бара од Македонија да одговори на барањата со Бугарија за да се отворат преговорите за членство

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји бара од Македонија да одговори на барањата со Бугарија за да се отворат преговорите за членство. За министерот за надворешни Бујар Османи е очекувано Комисијата да нема ист однос кон Бугарија и кон Македонија бидејќи едната е членка, а другата кандидат за членство.

Европската унија бара бара од Македонија да излезе во пресрет на бугарските барања за да може земјата да почне преговори за членство. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го упати барањето на состанокот на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент.

 Северна Македонија треба да вложи дополнителен напор да и излезе во пресрет на бугарската загриженост и да се обиде да дојде до решение кое е целосно проифатливо за двете земји. Тоа е прашање на политичка волја, ангажирање и одлучност- Оливер Вархеји еврокомесар за проширување.

Оваа изјава на Вархеји не е за изнендаување за македонската влада. Министерот за надворешни Бујар Османи вели дека би било погрешно да се очекува Европската комисија  да има симетричен однос кон земја-членка и кон земја-кандидат, како што би било погрешно да се мисли дека Македонија е рамноправна со Европската унија. Додава дека Вархеји имал многу позитивна улога во барање решенија за спорот со Бугарија.

Но, токму бугарската блокада за Македонија се смета за еден од лошите моменти во мандатот на комесарот Вархеји. Во оценката за тоа што сработија европските комесари во првата година од мандатот, порталот Политико пишува дека некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија.

Комесарот вели дека мора да се најде решение за спорот бидејќи во спротивно, Унијата ризикува да биде неверодостојна во исполнување на ветувањата што ги даде во моментот кога реши да ги отвори преговорите со Македонија и со Албанија.

Морам да признаам, се надевам, но за жал, сè помалку е извесно дека можеме да ја донесеме одлуката за усвојување на преговарачките рамки за двете земји оваа година. Но, вложуваме многу енерегија со германското претседателство – Оливер Вархеји еврокомесар за проширување.

Клучен играч за да се тргне бугарската блокада за Македонија сепак е германското претседателство, а не Вархеји, пишува Политико. Се додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната, пишува порталот со оценка дека бугарското вето за Македонија и нанесе удар на Комисијата да почне преговори до крајот на годинава.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе