Со 5 гласови против и 4 за, Комисијата за надворешна политика го одби предлогот на опозицијата да се изгради национален став за спорот со Бугарија во контекс на европските интеграции. Претседателот на комисијата Антонио Милошоски го оцени како несериозно однесувањето на владејачкото мнозинство.
Социјалдемократите се оптимисти дека е можно преговорите кои ги водат двете страни да вродат со плод. Затоа сметаат дека во моментов нема потреба да се води дебата во Собранието.
Милошоски има сознанија дека во текот на викендот тим од Министерството за надворешни работи предводен од министерот Бујар Османи заедно со тројца соработници биле во директна и интензивна комуникација со Министерството за надворешни работи во Софија, но заради нетранспарентноста на Владата, која што не сака да сподели информации ниту со пратениците, ниту со медиумите, не може да каже за што се преговарало и дали нешто е договорено.
Јулијана Пешевска