Македонија

Мицкоски: Земјава е во ситуација кога се бира помеѓу асимилација или интеграција

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес повторно излезе на протест против политиките на власта во однос на отворените прашања со соседна Бугарија. Се протестираше паралелно на две локации – пред Владата и пред зградата на Министерството за надворешни работи, а од собирот беше испратено барање за оставка од страна на премиерот Зоран Заев. Македонскиот идентитет и јазик се погазени во преговорите, смета лидерот на партијата Мицкоски, а земјава е во ситуација кога се бира помеѓу асимилација или интеграција кажа тој во изјавата. Најави дека ќе се протестира и утре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе