Вести Македонија

Шест матични лекари од Прилеп влегуваат во ковид-центрите

Прилепските матични лекари од вчера  се вклучија во дежурставата на Инфективното одделние во болницата во Прилеп. Како што информираат од нивното Здружение,  тие  имаат 4 часовни смени, а ќе ротираат за време на викендите, кога има најголема потреба. Прилепската болница се соочува со недостиг на медицински персонал, а дел од здравствените работници се позитивни на вирусот и се во изолација. Засега се вклучени 6 матични лекарии, кои  се одзваа на повикот на градоначалникот Илија Јованоски, да помогнат во битката со КОВИД-19 во оваа сложена епидемиолошка сосотојба во Прилеп.

-Побаравме од Здружението на матични доктори од нашиот град да се вклучат во помош на докторите од Инфективното одделние, затоа што и тоа како им е потрбна помош. Во последните 7-8 месеци откако е почната пандемијата, тие се изморени и истоштени и вистински им е потребна помош. Доволни се 5-6 за почеток, па секоја недела ќе се зголемува бројот, рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Јованоски  минатата недела  од Главниот кризиен штаб побара и карантин за Прилеп поради драматичниот  пораст  на бројот на новозаболени, хоспиталзирани и починати лица. Но министерот Венко Филипче  на средбата во саботата  му ја пренесе одлуката на Комисијата за заразни болести, дека ниту во Прилеп ниту на територијата на цела држава не се предвидени други рестриктивни мерки освен постоечките-забарана за работа на угостителските објекти по 21 часот и забрана за групирање во текот на целото деноноќие.

Инаку  од почетокот на пандемијата до денес,  во Прилеп има речиси 3000 заболени  и 129 починати од КОВИД-19.  Половината од вкупниот број на заразени и смртни слуачи се во ноември.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе