45 пациенти со Ковид 19 се хоспитализарани во Клиничката болница во Тетово. 30-тина од нив се со потешка клиничка слика. Во текот на вчерашниот ден е регистирано едно починато лице на возраст од 83 години, со коморбидитети. Доктор Гзим Нуредни, од Ковид ценаторот вели дека засега нема посериозни промени, но ако има нови пациенти ќе треба да се координираат со другите ковид центри за да се примат на лекување каде што ќе има слободен кревет.
Граѓаните се нервозни поради подолгите чекања во болницата поради големиот број на лица кои бараат медицински услуги, но засега нема потреба од помош од припадниците на Армијата, вели доктор Нуредини.
Според Министерството за здравство епидемијата го достигна пикот пред една недела, оттогаш бројките се стабилизирани. Во Тетово и околните општини активно болни се 961 лице. Во текот на минатата недела за среќа бројот на оздравени беше поголем од новите случаи. Регистирани се 319 лица кои се изборија со болеста, но и 285 кои биле позитивни на тестот за ковид. За жал за 7 дена битката ја изгубиле 11 пациенти.
Данијела Билбилоска