Вести Македонија

Приватните ковид центри подготвени, се чека на писмен договор

Се чекаат првите пациенти во поранешната болница „Мала Богородица“ кој е во финална фаза на опремување и адаптирање во ковид-центар. Од Аџибадем Систина велат дека се уште не е потпишан договорот  помеѓу приватните болници и Центарот за управување со кризи.

Постигнат беше само устен договор од министерот за здравство, а „Аџибадем Систина“ веднаш почна  да го опремува овој капацитет и да го адаптира објектот во ковид-центар, на сопствен трошок, велат од таму.

Во овој момент капацитетите може да се стават  во функција,  но за да се реализира оваа благородна иницијатива  на Министерството за здравство, остануваат неколку отворени прашања:

  1. Се очекува Министерството за здравство да издаде дозвола на трите приватни болници да можат да го користат објектот како ковид-центар
  2. Според договореното на средбите, Министерството за здравство ќе координира која од приватните болници како и со колку ќе учествува во трошокот на овој капацитет (кој е десеткратно поголем од ветениот надомест од ФЗОМ).
  3. Се очекува издавање на дозволата за станица за довод на кислород, кој е неопходен за третман на ковид-пациентите.
  4. Го очекуваме договорениот предлог на Министерството кои се двајцата доктори кои медицински ќе управуваат со овој ковид-центар.
  5. Финално се очекува Фондот за здравствено осигурување да го понуди договорот за соработка

По исполнување на овие договорени заемни обврски и по проценката на Министерството за здравство дека им се потребни дополнителни капацитети, „Аџибадем Систина“ е подготвена за неполни 24 часа да прими пациенти во објектот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе