Европските држави во обид да го спасат божикното славење, одлучија да ги олабават мерките кои претходно ги воведоа за да го спречат неконтролирањето ширење на корона вирусот.
Во текот на целата година се инсистираше речиси сите религиски прослави да не се одржуваат, но последната прослава се препорачува сепак да остане во кругот на најблиските од семејството.
Кривата на заболени во ЕУ блокот во моментов се израмнува, според комисијата за превенција на болести, но потребно е внимание во релаксирањето пред божикните празници.
Предупредуваат дека во некои земји не е попуштен притисокот врз болниците, а никако не е намален бројот на починати.
Ситуацијата се уште е сериозна.
Двата параметри што ја мерат сериозноста, а кои не се намалуваат, напротив сè уште се зголемуваат, е известувањето за смрт, каде што минатата недела беше 95 на милион во споредба со 84 од претходната недела.
И тоа зголемување сега трае веќе два и пол месеци.
Имајќи го ова предвид, земјите одлучија само деновите околу Божик да бидат порелаксирани.
Местата каде Дедо Мразовците ќе ги забавуваат децата, можат да се отворат, но со почитување на дистанцата.
Дозволено ќе биде пеење на божикни песни од врата на врата, но тоа треба да се прави одговорно.
Во дел од земјите делумните карантини дадоа резултати и бројката на заболени се намалува, па затоа мерките се намалуваат од ниво пет на ниво три, што значи дека ќе се отвораат рестораните но бројот на присутни ке мора да се ограничи.
Новогодишните елки веќе пристигнаа на главните плоштади.
Но, осветлувањето и китењето е скромно, не така восхитувачко како минататите години.
Оваа година, она што е најважно е здравјето и надежта.
“Се молев за мир и крај на пандемијата. Се надевам сите да бидат среќни и болеста да заврши. Да се надеваме дека наскоро ќе заврши”- вели сестра Веронија од Рим.
2020-та година веројатно е една од оние години во историјата на човештвото која сите луѓе на планетата едвај чекаат да ја испратат.
Затоа, според психолозите, добро е порано да се влезе во празничната атмосфера.
Китењето на елката ги радува луѓето, белата боја го поттикнува хормонот на среќа, и евоцира убави спомени, па затоа среќата од предвременото новогодишно подготвување ќе ви трае подолго, порачуваат психолозите.
Алиса Шутиноска