Идејата на која било форма, која е предмет на разговор меѓу двете страни, е враќање на довербата во Договорот за пријателство, особено во насока на зајакнување на довербата за неговата ефикасност и функционалност, пишува во одговорот на Владата на прашањата на Телма.
Во оваа насока е и размената на мислење за усогласување на заеднички акциски план, или патоказ, прифатлив за двете страни, чија улога би било прецизно да може да се следи имплементацијата на обврските од самиот Договор. Владата смета дека тој план треба да се однесува на динамиката на спроведување на билатералниот договор надвор од преговарачката рамка.