Македонија

18 години државата троши пари на проекти без информации од попис

Во април наредната година државата ќе си ги пребројува граѓаните внатре, но и надвор.

Сите ќе бидат прашани, но кои од попишаните граѓани ќе го сочинуваат вкупното население на  државата не е прецизирано во член 5 во предложеното законско решение.

Ги прифаќа ли Македонија препораките на Обединетите Нации и европската Еуростат за државата да одлучуваат само постојаните жители или се остава можност за манипулација.

Прашањата ги адресиравме до експертите кои, пак, бараат од партиите да ги тргнат рацете од идните резултатите.

Ако партиите се согласат, пратениците кренат рака тогаш државниот завод за статистика ќе треба да формира пописна комисија, да обучи попишувачи кои треба да чукнат на сечија врата и да поставуваат општи, социо-економски и етно-културни прашања.

Токму последниот сет прашања ја отвораат пандорината кутија без која се кројат етничките и малцински закони иако 18 години ретко кој го поставува прашањето како државата ги троши буџетските пари на граѓаните без попис. Отчет нема, но затоа единствениот жител на с. Маврово има државно игралиште од неколку стотици илјади евра изградено од Агенцијата за млади и спорт.

Но, што уште не знаеме за “личната карта“ на земјата овие 18 години е многу позагрижувачки.

Македонија има и „невидливи“ граѓани, велат од невладиниот сектор од каде  се обидуваат да ги детектираат ранливите категории граѓани.

Според најсвежата анализа на министерството за локална самоуправа – Северна Македонија е влезена во длабока демографска старост. Истражувачите според податоците на државниот завод за статистика дошле до заклучок дека 20,4 проценти од граѓаните се стари, а просечната возраст на населението е 44 години.

Во 2019 година во Скопскиот регион на само 7,13% од територијата на Република Северна Македонија, живее 30,44% од вкупното население во земјата.

Од друга страна во Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион на нешто повеќе од 2/5 од територијата на државата (или 40,8%), живее само 24% од населението.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе