Вести Македонија

Речиси сите хоспитализирани во Тетово се на кислородна поддршка

45 пациенти со Ковид 19 се хоспитализарани во Клиничката болница во Тетово. 30-тина од нив се со потешка клиничка слика. Во текот на вчерашниот ден е регистирано едно починато лице на возраст од 83 години, со  коморбидитети. Доктор Гзим Нуредни, од Ковид ценаторот вели дека засега нема посериозни промени, но ако има нови пациенти ќе треба да се координираат со другите ковид центри за да се примат на лекување каде што ќе има слободен кревет.

Граѓаните се нервозни поради подолгите чекања во болницата поради големиот број на лица кои бараат медицински услуги, но засега нема потреба од помош од припадниците на Армијата, вели доктор Нуредини.

Според Министерството за здравство епидемијата го достигна пикот пред една недела, оттогаш бројките се стабилизирани. Во Тетово и околните општини активно болни се 961 лице. Во текот на минатата недела за среќа бројот на оздравени беше поголем од новите случаи. Регистирани се 319 лица кои се изборија со болеста, но и 285 кои биле позитивни на тестот за ковид. За жал за 7 дена битката ја изгубиле 11 пациенти.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе