Македонија

Претседателот на кривичниот суд Скопје Иван Џолев ќе го води судско-медиумскиот совет наредните две години

На 26.11.2020 Судско-медиумскиот совет го избра раководството кое ќе го претставува во следните две години. Претседател во новиот состав е Иван Џолев, судија од Основен суд Скопје I, а потпретседател е Христина Беловска, новинарка од Телевизија 24. На состанокот  присуствуваа 11 од вкупно 15 членови на Судско-медиумскиот совет.

  • Под влијание на СМС, судиите и новинарите почнаа повеќе да комуницираат, почна да се развива меѓусебна доверба, размена на информации, се надополнувавме , но и се критикувавме едни со други, а бенефитот од сето ова го имаа граѓаните кои добиваа навремени, точни информации. На овој начин директно, но и индиректно влијаевме и во зајакнувањето на демократските капацитети, а на некој начин воспоставивме и нов систем на граѓанска контрола на судското постапување , но и на владење на правото, рече Џолев.

На првата конститутивна седница беше изгласан дневниот ред за работа. Се дискутираше за следните чекори на СМС, со кои се предвидува ова советодавно тело да продолжи со активности кои пред се’ се насочени кон измени на ЗКП и Деловник за работа со цел од технички аспект да се олесни следењето на судските процеси за јавноста.

  • Ако на новинарите им е забранет пристапот до судница или увидот во судски документи, автоматски и граѓаните ќе немаат можност да видат како некој е осуден и дали се применуваат законите без привилегии и дискриминација. Затоа ние судските известувачи се залагаме да преку СМС се променат работие. Изминатиот мандат, издејствувавме пресудите во Кривичниот суд да се снимаат целосно и да се стримаат на Фејсбук и во живо. Ќе бараме пристап до пресуди, решенија за притвор и други документи. Притоа членувањето во СМС не значи компромиси на штета на новинарството, напротив преку правните школи кои ги организиравме добиваме поостручени, поинформирани новинари кои ќе критикуваат и понатаму, не манипулативно, туку аргументирано и издржано, вели Беловска.

Новиот состав  на Судско-медиумскиот совет брои 15 члена, од кои 8 се новинари од различни медиуми, а 7 се од редот на судиите од различни апелациони подрачја во РСМ.

Учеството во ова тело е базирано на волонтерска основа. Членови на Судско-медиумскиот совет се:

  1. Гордана Дувњак- Фокус
  2. Елена Ивановска Мукоска- ТВ Телма
  3. Флора Белули Камбери- МТВ 2
  4. Михаела Димовска – Канал 5
  5. Христина Беловска – Телевизија 24
  6. Бојан Стојановски- Алсат
  7. Васко Маглешов- Призма
  8. Соња Делевска- СДК.мк
  9. Шпенд Деваја- судија во Врховен суд
  10. Шефајет Хајдари- претседател на Апелационен суд Гостивар
  11. Иван Џолев – претседател на Основен Кривичен суд Скопје
  12. Тодор Поп Панев- претседател на Основен суд Свети Николе
  13. Илир Сулејмани- претседател на Основен граѓански суд Скопје
  14. Миле Димовски- претседател на Основен суд Битола
  15. Едита Насковска- судија во Управен суд

 

Во насока на поголема соработка и отворање на судовите кон јавноста, Судско-медиумскиот совет се формираше за прв пат во Северна Македонија, но и во Европа во септември 2018-та година, по претходни искуства на две вакви советодавни тела во Соединетите Американски Држави.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе