Македонија

Опозицијата поднесе над 3000 амандмани за деловникот на Собранието

Опозицијата ги блокира измените на Собранискиот Деловник! ВМРО ДПМНЕ, Левица и Алијанса-Алтернатива поднесоа над три илјади амандмани. Се очекуваше Комисијата за деловничко-имунитетни прашања да го разгледа и поддржи предлогот на Талат Џафери за онлајн вклучување на пратениците заразени од ковид. Но пред тоа, ќе мора да се почека службите да ги подготват и преведат сите амандмани поднесени до почетокот на комисијата.

Опозициските партии ги здружија напорите за попречување на измените во Деловникот. ВМРО ДПМНЕ поднесе илјада 350 амандмани, двајцата пратеници од Левица уште повеќе – илјада и 400, а Алијанса-Алтернатива уште 400. Вкупно, над три илјади амандмани чија цел е да оневозможат парламентарното мнозинство самостојно да го измени Деловникот и да дозволи онлајн учество на пратениците болни од ковид. Според опозицијата, со овој предлог власта ја нарушува и онака слабата меѓусебна доверба.

Од власта инсистираат Собранието да остане функционално. Потсетуваат дека изминатиов месец шестмина пратеници беа болни во ист период, а никој не може да знае колку пратеници може да се разболат во иднина. Илјадниците амандмани од опозицијата ги сметаат за опструкција.

Минатата недела, во отсуство на опозицијата, парламентарното мнознство со 61 глас ја утврди потребата од менување на Деловникот по скратена постапка. Предлагачот,  спикерот Талат Џафери, објасни дека онлајн ќе може да се вклучат само пратениците со решение за изолација. Предлогот треба да добие поддршка од мнозинството пратеници, но пред тоа треба да заврши амандманската расправа во матичната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе