Вести Македонија

Брисел: Сигурно вето од Бугарија за Македонија

Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка, потврдија за МИА во Брисел повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ. На денешниот состанок на амбасадорите во Брисел на дневен ред беа заклучоците што треба да бидат усвоени на 8-ми декември од страна на министрите за европски работи. Во заклучоците  отстранета е опцијата за датум за одржување на првите меѓувладини конференции со Албанија и Македонија поради ветото на Софија за Скопје. “Датумите ќе бидат вклучени во самите преговарачки рамки кога тие ќе бидат усвоени“, објаснуваат европските дипломати.  Затоа и нема многу надеж дека до крајот на годината ќе се одржи меѓувладината конференција. Бугарија на денешниот амбасадорски состанок повторила дека нема да даде зелено светло за Македонија на  министерскиот  состанок на 8 декември. Земјите на ЕУ кои важат за поддржувачи на проширувањето, сепак сметаат дека крајните заклучоци треба да бидат поспецифични ,дури иако не се вклучи никаков датум. “Консултациите продолжуваат на оваа тема, велат од Советот на ЕУ“.

Амбасадорите треба повторно да се состанат во среда. Во меѓувреме Софија и Скопје да усогласат на патоказ за спроведување на Договорот за добрососедство , кој нема да влезе во Преговарачката рамка, но сепак ќе биде дел од евроинтеграциите, за што не се откриваат детали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе