Ковид19 Македонија Најважни

Медиумите само со дозвола ќе снимаат во ковид центритe

По објавените фотографии и видеа на социјалните мрежи и во медиумите, од турканиците во тријажните центри при ковид болниците, од денеска забрана за медиумите да снимаат слободно.

При нашата денешна посета на болницата „ 8 Септември“, бевме спречени од обезбедувањето да се приближиме и да ја снимиме ситуацијата во Тријажниот центар. Се обративме до Министерството за здравство , од каде ни рекоа дека за овој проблем треба да разговараме со директорот на болницата „ 8 Септември“, Христијан Костов. А, тој едноставно остана недостапен на нашите повици.

Снимањето ќе биде дозволено само со претходно испратено барање до здравствената институција или до МЗ, велат од овој ресор, по консултација со директорот Костов. За него велат дека не издал забрана за снимање на болницата, туку  дека таа се однесува само за Тријажниот центар.

Според Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на личните податоци, мора да се заштити идентитетот на пациентите и од таа причина сметаме дека не треба да се снима тријажниот центар, од каде е и приемот на тешко болни пациенти, тврдат од Министерството за здравство.

Со 41 починат, вчера земјава го достигна најцрниот биланс од почетокот на пандемијата со корона вирусот. Помала смртност е забележана само на 16 ноемри со 40 починати и на 25 и 20 овој месец, кога починале 39 пациенти. Околу 90% од сите пациенти кои починале вчера имале најмалку една , до две други болести, велат од Министерството за здравство.

Најчести болести кои ги имале тие пациенти , заразени со Ковид- 19, се кардиоваскуларни болести, дијабет, болести на бубрезите и пулмолошки болести. Дел од пациентите кои починале биле со карцином во понапредна фаза или имале тешка хирушка интервенција после која настапила смрт, велат од министерството.

Од МЗ велат дека сеуште се подготвува анализата за причините за високата смртност од Ковид- 19 во Македонија и дека за прецизно да се израбори е потребно време. Со тешка или средна клиничка слика, пациентите се задоволни од третманот и условите во ковид центрите.

Имам доле еден роднина лежи на Тријажниот центар. Значи прекрасни луѓе. Сестрите, докторите, немам зборови. Прекрасни луѓе. Мојот близок вели дека се до него нон стоп. Сѐ има тука. Сѐ има тука. Вака само нешто плус- портокали. Инаку се имаат, ни изјави роднина на пациент.

Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје се примени 44 нови пациенти , поради компликации од корона вирусот.А, вкупно 469 лица сомнителни и потврдени на Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во останатите градови во државата има уште 813 хоспитализирани пациенти. Најмногу се во Прилеп, Куманово и во Охрид.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе