Вести Свет

Иран се закани со одмазда за убиството на врвниот нуклеарен научник

Иранскиот претседател го обвини Израел за убиството на најдобриот нуклеарен научник во земјата, за кој Запад верува дека е архитектот на техеранската тајна нуклеарна програма. Иран ќе врати со крвна одмазда за убиството на Мохсен Фахризаде, и тоа во време кога ние ќе го избереме, рече претседателот Рохани.

Иранската нација е доволно умна и мудра да не падне во замката на заговор од Ционистите. Тие имаат тенденција да создаваат хаос и немир. Мора да знаат дека сме свесни за нивната завера и нема да успеат во нивните извитоперени цели. И Ционистичкиот режим и оние кои се анти-Иранци мора да знаат дека развојот и истражувањата во државата силно ќе продолжи, рече Хасан Рохани, претседател на Иран. 

Рохани обвинува дека Израел е исплашен од последните денови на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, и поради тоа создаваат несигурност во регионот. На Рохани му се придружи и ајатолахот Хамнеи кој преку Твитер повика да се казнат извршителите на убиството, а неговиот воен советник најави дека нападот на убијците ќе биде еднаков на молња.

Фахризаде беше убиен вчера додека се враќал кон Техеран. Врз неговото возило бил отворен оган од друго возило, а нападот завршил со експлозија на автомобил бомба. Фахризаде им подлегнал на повредите во болница.

Израел ги негира обвинувањата, иако премиерот Нетанјаху пред двеипол години ја повика јавноста да го запамтат името на Фахризаде, кога разоткриваше дека Иран лаже дека ја прекинал нуклеарната програма.

Клучен дел од планот е да се формира нова организација за да се продолжи со работата. Вака напишал д-р Мохсен Фахризаде, шефот на Проектот Амад. Запомнете го неговото име, Фахризаде. Еве ги неговите насоки, тука.

Израел денеска ги стави на готовс сите амбасади во светот, поради заканата од одмазда.

Од САД нема коментар, но Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извори од Белата Куќа и од Пентагон, пишува дека зад нападот стои Израел. Ликвидацвијата на Фахризаде би можела да созаде дополнителни судири меѓу Иран и неговите противници, во последните денови од мандатот на Трамп. Со ова би се отежнале и настојувањата на Бајден да го оживее процесот на Иранскиот Нуклеарен Договор, од кој Трамп се откажа, а истиот е дел од мировните цели на Блискиот Исток.

Мохсен Фахризаде е најстариот нуклеарен научник кој е убиен, но не е прв. Им се придружува уште на четворица убиени колеги во изминатава деценија.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе