Вести Македонија Најважни

Заев се дообјаснува, но не ретерира за ставовите дадени во интервјуто за БГНЕС

Окупатори или адмнинистратори? Фашисти или не? Премиерот Зоран Заев и денеска без прецизен одговор на овие две прашања кои се наметнаа по вчерашното интервју за бугарскиот „Бгнес“ а кое предизвика лавина реакции во домашната јавност. Не даде прецизен одговор која литература ја консултирал а врз која ги изградил своите ставови кои ги ги изнесе во интервјуто и со кои негаираше историска вистина дека бугарските војски се бореле на страната на Хителр и Мусолини , биле фашисти, но и ја релативизираше тригодишната окупација изедначувајчи ја со администрација. И денеска прецизно не може да се заклучи  како тој го замислува и како гледа на периодот на Втората светска војна и улогата на Бугарија во војната.

Премиерот вели дека жали за бројните реакции по интервјуто, за перидот на Втората светска војна нагласи дека треба да простиме но не и да заборавиме и се повика на европските вредности. Не прецизираше дали е потребно извинување пред да се прости за стореното.

По вчерашните тврдења дека Бугарија не била фашистичка држава, денеска тој неколку пати го кажа спротивното.

Премиерот ретерираше и во ставот дека бугарската војска администриала а не окупирала.

Владата нема донесено конкретна одлука околу плочите на спомен обележјата кои се однесуваат на периодот од Втората светска војна а премиерот појасни дека тие не биле тргнати туку коригерирани односно бришени. Обврската поризлегла од Договорот за пријателство а во голем дел за спровеле општините а не централната власт.

Куманово е еден од градовите кои премиерот ги наведе дека се ослободени со заедничко упчество на партизаните и бугарската војска. Постарите кумановци, дел и современици на настаните од втората светска војна имаат дијаметрално спротивни сеќавања за текот на настаните

Останува да се види дали интервјуто на премиерот ќе предизвика омекнување на официјална Софија и деблокирање на процесот но и какви репрекусии и последици ќе предизвика дома.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Хутите тврдат дека лансирале балистички ракети кон аеродромот „Бен Гурион“ во Израел

Дејан Дејан

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе