Македонија Најважни

Кочанската фабрика за хартија „Пејпер Мил“ користела пелети, наместо метан

Кочанската фабрика за хартија „Пејпер Мил“ од фабричкиот оџак емитувала ПМ честички и јаглероден диоксид над количините предвидени со А дозволата. Користеле пелети, наместо метан, ова е констатирано при контролниот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за заштита на животна средина.Фабриката „Пејпер Мил“ добила забрана да користи пелети се додека не ја прилагоди опремата за прочистување на воздухот.

Фабриката доби решение да се направат извесни технолошки подобрувања на котелот за пелети. Таа во моментот не работи и ние сме во интензивна комуникација со нејзиното раководство тие технолошки подобрувања да се направат побрзо бидејќи од таа фабрика зависи егзистенцијата на многу семејства“, вели Ана Петровска, директор на Државен инспекторат за заштита на животната средина.

Локалната власт од денес сама ќе го мери квалитетот на воздухот, на неколку локации ќе се постават мерни станици.

Во наредните три дена ќе го мериме аерозагадувањето на повеќе локации во градот. Цел ни е да ги лоцираме точките каде имаме најголема загаденост, но и да добиеме реална слика каков воздух се дише во градот. “ вели Николчо Илијев, градоначалник на Кочани

Анализите покажале дека досегашните мерења на гасовите го правела лабараторија, која не била акредитирана за постапката. Изминатата година граѓанските активисти, здруженијата организираа неколку граѓански протести пред фабриката за хартија Пејпер Мил.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Трамп најави: „Во понеделник ќе разговарам со Путин“

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе