Матичните лакари бараат промена на протоколите-побрз и полесен прием во КОВИД центрите на нивните пациенти. Специјализантите се вклучија во битката со КОВИД но бараат здравствено осигурување.
Кои се дилемите при отварање на боледување на оние кои се во изолација поради болест и оние кои се заради контакт со заболен? Како функционира системот на прием на пациенти кога брзата помош со ротации ита да однесе заразен на клиниките –се чека ли за прием?
Во ТОП ТЕМА вечерва разговор со др Светлана Смугреска матичен лекар и Александра Георгиева специјализант по интерна медицина. Ги вклучуваме и др Милица Бубало од службата за итна помош и др Арбен Зибери претседател на Комисијата за здравство со Собранието .