Откако го пропушти дуелот против Грузија, Кире Ристевски денеска им се приклучи на колегите од националниот тим и ќе биде во комбинација за последните два натпревари во ова издание од Лигата на нации против Естонија и Ерменија.
Покрај Ристевски во репрезентацијата дополнително е повикан и Љупче Дориев, а по одлука на стручниот штаб ослободени од обврските се Горан Пандев, Столе Димитриевски и повредениот Аријан Адеми.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.