Македонија Топ вести

Комисиска расправа за задолжителното пензионирање на 64-годишна возраст

Измените и дополнувањата на законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж се во собраниска процедура и за нив денеска треба да расправа Комисијата за труд и социјална политика, откако вчера не се доржа оваа седница на Комисијата.

Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6.000 лица. Но, како што појасни вчера министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано барање за продолжување на работниот однос.

Таа рече дека со овие измени се предвидува прекинување на договорите за работа со 64  години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано.

-Според нашите анализи бројката на вработени како од јавен, така и од реален сектор збирно до крајот на  2020 година околу 6.000 вработени ќе наполнат 64 години. Но, тоа не значи дека сите овие граѓани ќе одат во пензија. Дел од нив поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување  на работниот век и после продолжување на наполнување 64 години,  а кој се однесува на следната календарска 2021 година, рече вчера министерката.

Законските измени во собраниска процедура ги поднесоа пратеници од СДСМ, во, како што појасни Шахпаска, координација со Министерството за труд и социјална политика.

Овие законски измени се предложени за дневен ред на 21. собраниска седница чиј почеток е, исто така, закажана за денеска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе