Ковид19 Македонија Најважни

Клиничката болница во Битола ги живее најтешките денови од почетокот на пандемијата

Инфективното одделение во  Клиничаката болница во Битола кое е Регионален ковид центар ги живее најтешките денови од почетокот на пандемијата. Градот во кој долго време бројот на заболени се држеше под контрола, сега бележи загрижувачки бројки на позитивни, хоспитализирани, но и на починати лица.

Денеска битката со корнавирусот ја изгубија четворица битолачни, а вчера, во еден ден починаа дури седум лица. Вкупниот број на починати во Битола се искачи на 47, а речиси половината се во последните две недели. Инфектолозите од битолската болница  кои се на првата борбена линија со  вирус, велат дека клиничката слика кај пациентите се менува од минута во минута, па некогаш се немоѓни било што да направат.

-Јас сум со 37 годишен стаж како инфектолог. Ваква сосотојба во мојата професионална кариера не се случила. Толку  многу тешки пациенти, толку многу смртни случаи досега не сме имале. Вчера го имавме најцрнито ден на нашето одделение кое е со долгогодишна традиција. Вчера ни починаа, за жал 7 поациенти, КОВИД позитивни, вели д-р Ели Димитровска,  инфектолог  на Инфективното одделение во Клиничка болница-Битола.

Во Битола има над 600 активни слуачи. Во Регионалниот ковид центар  вкупно се хоспитализирани 78 пациенти, поголемиот дел во тешка сосотојба. Во  изминатиот период дневно се примале и по 13  пациенти од целиот регион.  Недостигот на персонал се решава по принципот на ротација на медицинскиот кадар од останатите одделениеја во Клиничакта болница. Капацитетот со болнички кревети за КОВИД пациенти се проширува во неколку наврати, а од  следната недела во функција за овие болни ќе биде ставен уште еден оддел. Исто така веќе е готов   проектот за модуларна болница во Битола.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова по средбата со Кошта: За нашиот предлог за уставни измени со одложено дејство вели дека е извонредно конципиран, но Бугарија не го прифаќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе