Свет Топ вести

Зеленски и се обрати на нацијата од болница каде се лекува од Ковид-19

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку две видое пораки и се обрати на нацијата, што е негово прво појавување по хоспитализацијата поради позитивниот тест за Ковид-19 оваа недела.

Седејќи на столче пред украинското знаме, Зеленски вчера кажа дека се чувствува добро и дека владата работи нормално.

Британските медиуми наведуваат дека тој се осврна и на конфликтот меѓу неговата администрација и Уставниот суд околу антикорупциските реформи.

Зеленски (42) бил префрлен во болница заради самоизолација, за да не ги изложува другите на ризик, соопшти неговиот кабинет.

Тројца други високи функционери, вклучувајќи ги и министерот за финансии, министерот за одбрана и главниот соработник на Зеленски, исто така, се заразени.

-Како што знаете, Ковид-19 не ми одбега, но се чувствувам добро, рече Зеленски.

Тој во видео пораката го нападна Уставниот суд, кој во октомври го поништи Законот за борба против корупцијата, што е клучен за Украина да добие заеми од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), додаваат британските медиуми.

Украинскиот претседател Уставниот суд го спореди со протагонистите на филмот за грабеж во Холивуд во 2001 година „Оушс Илеван“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе