Глобалната пандемија со Ковид 19, која не ја заобиколи ниту нашата земја го зголеми и бројот на бездомници во Скопје, кои се вбројуваат меѓу најранливите категориии. Секогаш изложени на студ, слаба исхрана, загаден воздух и први на удар на различни вируси. Во моментов 150 бездомници ги користат услугите на Црвениот крст. Според новите здравствени протоколи тие сега го добиваат својот топол оброк на влезот на терпезарискиот дел .
Бројка која што рапидно се зголеми за 50 % и затоа се отвори уште еден ден среда, покрај постоечкиот ден петок. Ако во среда досегашните 30 бездомни лица се услужуваа сега се 60 до 70, а на постоечките 60 до 70 лица во петоците се услужуваат веќе 100 до 110 бездомни лица, вели Драгана Лазаревска, Црвен крст
Во пунктот за бездомници стручните тимови во разговор со нив им укажуваат на сите превентивни мерки и како да постапат доколку се појават првите симптоми на Ковид 19. Дружењата за време на заедничките оброци за сега се минато во овие простории, доколку се имаат предвид здравствените протоколи.
Меѓу самите бездомни лица никој до сега не пројавил ниеден симптом на Ковид 19. Тоа е добро затоа што поставивме еден шалтер систем кој непречено се сервира со храна која е конзервирана и витаминска која можат да ја добијат во тие два дена кога доѓааат и ги користат овие услуги.
Во меѓувреме расте бројот и на социјално загрозени семејства во одредени општини кои бараат помош.
За жал се зголеми бројот на социјално ранливи семејства со пандемијата, верувам дека и очекувано. Грубо речено можеби за 20 проценти се зголеми нивниот број. Ние тоа го гледаме според барањата за еднократна парична помош која што ги доделува општината. Едно семејство може еднаш во годината да добие еднократна парична помош, но поради барањата таа бројка сега е зголемена, вели градоначалникот на Карпош.
Стручните тимови на Црвениот крст кои бројат 754 волонтери секојдневно се задолжени за грижа за лицата кои се во ризик поради возраста, хронично болените, лицата кои се во изолација и оние кои се позитивни на Ковид 19.
Нина Стефанова