Вести Македонија Топ вести

Ковид се шири и меѓу вработените во битолските градинки

Се зголемува бројот на заболени воспитувачки и негувателки во битолските градинки,но засега нема деца кои се позитивни на  вирусот. Во  клоновите на двете централни градинки „Естреја Овадија Мара“  и „Мајски цвет“ заболени  се вкупно 17 вработени, а во изолација се над 120 деца.

Во градинката „Естреја Овадија Мара“  позитивни се  се 9 негувателки и воспитувачки, но и двајца  вработени во администрација. Во изолација се 60 деца на возраст од 2 до 5 години и 15 деца од јасли.

Во градинките под  надлежност на централната „Мајски цвет“ вкупно има шест позитивно  вработени,  а во изолација се 49 деца. Овде засега е затворен само клонот  „Ѕвездичка“ со три помали групи каде заразени  се две воспитувачки и една негувателка.  И во клонот   „Славејче“  на „Мајски цвет“  2 вработени   имаат  симптоми и за нив се очекуваат резултати.  Во изолација е само една група, а останатите продолжуваат со работа.

Според статистиката што ја соопшти министерката за труд Шахпаска, досега има 120 позитивни во градинките на теритроијата на цела држава, и тоа 50 воспитувачки, 50 негувателки и 18 деца. 1200 деца се во изолација, но според министерката во најголем број слуачи вирусот е донесен однадвор, бидејќи во градинките се почитуваат протоколите. Државниот здравствен и санитарен инспекторат до сега нема  регистрирано внатрешна трансмисија на коронавирус внатре во училиштата и градинките.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе