Македонија Топ тема

ВМРО ДПМНЕ нема да учествува на изборите во Штип и Пласница

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ одлучи партијата да ги бојкотира предвремените локални избори во Штип и Пласница.Како аргумент ја посочуваат пандемијата со Ковид 19 и загрозување на здравјето на граѓаните.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ нема да учествува на предвремените локални избори во Штип и Пласница.Одлуката ја донесе Извршниот Комитет а ќе ја потврди и највисокото партиско тело централниот Комитет.Од партијата велат дека не се плашат од изборно соочување туку се грижат за здравјето на граѓаните во услови кога има енормен број заразени и починати од ковид 19.Собранискиот спикер Талат Џафери претходно ја отфрли нивната иницијатива за одложување на изборите со образложение дека Собранието не може да ги одложи веќе закажаните избори.,

,Дополнителен аргумент за оваа одлука е вчерашниот апел на Министерот Филипче кој     побара од граѓаните да седат дома и да не ги напуштаат домовите без потреба,освен ако не се работи за нешто неопходно,и самото тоа дава една парадоксална ситуација, владејачката гарнитура од една страна да води кампања за избори а од друга страна министерот повикува да се седи дома.Но како и да е, ВМРО ДПМНЕ апелира да преовладува разумот и да не ги доведува граѓаните во опасност и ризик во Штип, изјави членот на ИК Антонио Милошоски.

Иницијативниот одбор за промени во ВМРО ДПМНЕ бара од Мицкоски да си поднесе оставка поради како што велат бегството од изборно соочување на вмровскиот бастион во Источниот регион.,,Не станува збор за страв од пандемија, туку за страв на Христија Мицкоски од уште еден  изборен пораз.тој многу добро ги знае анкетите и знае што нема став за битни прашања се одразува катастрофално по него и неговиот рејтинг.Ова беше очекуван потег на Мицкоски, вели Ивица Конески.

СДСМ: Мицкоски е свесен дека шансите за негова победа на предвремените локални избори, но и какви било други избори се многу мали. Ги уверивме граѓаните дека предвремените парламентарни избори со почитување на сите здравствени протоколи беа безбедни по здравјето, со сигурност такви ќе бидат и предвремените локални избори во Штип и Пласница.

Рокот за поднесување на кандидатури истекува на полноќ.Досега се поднесени три кандидатури за ШТИП,Сашко Николов од СДСМ, Лазар Наумов од ТМРО и Трајче Митев како независен кандидат.СДСМ го обвини ВМРО Дпмне дека бега од избори и се плаши од неуспех. Кои ќе бидат наследници на Благој Бочварски кој ја напушти градоначалничката функција затоа што стана министер за транспорт и на Исмаил Јахоски кој стана пратеник ќе се знае на 13 декември.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Талка ли Македонија во расчекор меѓу стратешкото партнерство и стратешката цел?

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе