Вести Свет Топ вести

Бајден на чекор до Белата Куќа, Трамп обвинува за изборна кражба

Измамен сум, демократите ми ја крадат победата, сакам да престане броењето на гласовите. Нов напад од актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој без докази за украдени избори, уште еднаш го поткопа демократскиот систем во САД. За Трамп гласовите испратени преку пошта, кои се уште се бројат, се незаконски и повторно побара да се сопре броењето.

Луѓето знаат што се случува и тоа пред нивни очи. Има многу случаи кои наскоро ќе бидат објавени. Се разгледуваат правнички. Ова е момент кога тие сакаат да ги украдат изборите, ќе ги поткопаат изборите, и не смееме тоа да го дозволиме. Детроит и Филаделфија, познати како најкорумпирани политички места, не може лесно да бидат одговорни за формирањето на резултатот од претседателската трка, многу важна претседателска трка, изјави Трамп.

Во 17-минутното обраќње, Трамп рече дека водел со голема разлика на многу клучни локации, но одеднаш таа предноста почнала мистериозно да се намалува и обвини дека демократите не дозволиле законски набљудувачи при броењето на гласовите. Но, ова не е точно, велат од ОБСЕ. Нема докази за овие обвинувања.

Секако, ова е детален процес. Сите знаеме дека има разлики, независно од различниот гласачки систем и различниот електорски систем во различни држави, се обидуваме на терен да ги видиме работите. И го проверуваме тоа, кога набљудуваме, не можеме да најдеме некаков навод за некаква измама или манипулација, вели шефот на делегацијата на набљудувачката мисија ОБСЕ, Мајкл Линк.

Претседателот нема право да бара да престане броењето, велат од ОБСЕ. Сите 50 држави имаат свои индивидуални електорални администратори кои ги набљудуваат изборите.

Тие се одговорни за броењето и сакаат истото да продолжи. Не е до претседателот на САД да бара да пшрестане броењето или да прогласува победа предвремено, вели Линк.

Како се намалува предноста на Трамп неговите поддржувачи излегуваат на протести. Полицијата уапси во Филаделфија едно лице за наводно планирање напад врз центарот за броење. Неколку телевизии го прекинаа обраќањето на актуелниот претседател. Трамп е патетичен, и ова е срам за демократијата, беа реакциите на телевизиските новинари. Бара да прекине броењето на гласовите по пошта, бидејќи самиот тој ги повика поддржувачите да не гласаат по пошта, и знае дека овие гласови се во полза на неговиот ривал Демократот Џо Бајден, објаснуваат аналитичарите.

Шансите за влез во Белата Куќа се речиси изедначени и на Бајден и на Трамп. Сепак, Бајден со 253 електорални гласови наспроти 214 за Трамп е многу поблиуску до освојување на потребните 270. Битката се води во Аризона, Невада, Пенсиллванија и Џорџија.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе