Селекторот Данило Брестовац и неговите избраници со триумф од 33-24 го завршија 1.коло од новиот циклус квалифиакции.Разликата во квалитет,нашиот состав ја потенцираше во првиот дел.После воведниот период и резултат 5-5,серијата на Македонија од 5-0 овозможи солидна предност кај беше надградена до полувремето за 16-10.Во вториот дел,после водството од + 10, 24-14, видовме повеќе ротации во нашиот тим.Брестовац ги повлече главните играчи на клупа,но немаше поголеми проблеми во одржување на резултатот за финална победа од 33-24.Капитенот Кире Лазаров беше најдобар стрелец на натпреварот со 11 погодоци, шест постигна Кузмановски, а по четири погодоци реализираа Маџовски и Пешевски.Во второто коло на 7. ноември, нашиот состав гостува кај Швајцарија.