Ракометната федерација на Македонија соопшти дека сите играчи и членови на стручниот штаб имаат негативни резултати на тестирањето пред одигрувањето на дуелот со Финска во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.
Федерацијата потврди дека до нив е доставен и списокот на ракометари кои се дел од националниот тим на Финска кој со негативни резултати на тестирањето ќе пристигнат во Скопје.
Дуелот против Финска се игра в среда во салата на СЦ Борис Трајковски, а почетокот е закажан за 20 часот.