Вести Македонија Топ вести

Штипското инфективно оддeление бележи рекорден број починати

62 годишен штипјанец ја изгуби битката со коронавирусот, а тројца пациенти од Виница, Светиниколско и Кратовско не ги дочекаа резултатите од брисевите. Ова е  рекорден број на починати пациенти за едноденоноќие, кои биле хоспитализирани на штипското Инфективно одделение. Уште четири слободни кревети остануваат, а притисокот за прием на пациенти ќе се намали од утре, кога во функција ќе се стави и кожното одделение.

Вирусот се шири и меѓу здравствените  работници, од пред два дена во изолација е директорката на штипскиот Центар за јавно здравје. Епидемиологот Светлана Живкова вели дека нејзиниот контакт со вработените секогаш бил со  заштитна опрема, па затоа никој од вработените не е испратен во изолација туку е издадена само препорака за следење на нивната здравствена состојба.

Ако има потреба вработените ќе се тестираат, но тврди дека при работењето се почитувале сите здравствени протоколи. Забрзано се зголемува и бројот на граѓани од целиот источен регион, кои со решение  се ставаат во изолација. Полицијата само вчера извршила контроли на 1.171 лица, сите биле затекнати на адресите, кои ги оставиле.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе