Утрово во поликлиниката Ѓорче Петров почна тестирањето со брзите рапид тестови. Еден тест чини 1000 денари , цена и за неколку пати пониска кои граѓаните ја плаќаат за да се тестираат на приватно. Прво се зема брис од нос и од грло, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот. Луѓе во закажан термин пред пунктот чекаа да бидат тестирани и да им биде соопштено каков е резулатот . Една од нив е и Јована Кежаровска , која заедно со нејзината мајка се терстираа.
Закажуваањето почна во петокот, а слободни термини веќе нема за цела недела.
А, доколку е лицето позитивно, веднаш во текот на денот ќе биде известено од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација. Денеска се очекува да пристигне и донација од 13.000 брзи тестови кои ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.
Теодора Цветковска