Свет Топ вести

Грција во мини карантин, Франција под национална блокада

Грчките регионите на Солун, Лариса и Родопи, кои се во црвена-  највисока фаза според степенот на опасноста за ширење на коронавирусот влегуваат во мини карантин. Владата предлага полицискиот час да наместо после полноќ да започнува порано од 21 или 22 часот. За да се избегне целосен карантин на земјата новиот акционен план на Мицитакис ќе трае еден месец. Судовите и рестораните се затворени, но со работа ќе продолжат дел од продавниците, како и училиштата.

Од денеска во Фрација стапува на сила националната блокада. До 1-ви декември границите на Фрација ќе бидат затворени за сите земји кои не се членки на ЕУ.

Граѓаните ќе можат да излезат од дома само за пазарење храна, или од здравствени причини. Водедено е работењето од дома цела недела, освен кога тоа е технички невозможно. Во останати ситуации секој граѓанин ќе мора да поседува пропусница, нема семејни посети, ниту патувања.
Во Белгија продолжува да рекорден раст на инфицирани пред состанокот на владата која по воведувањето на рестриктивните мерки на почетокот на неделава сега разгледува построги мерки, како ограничување на движењето, забрана за патувања во странство и затворање на дел од продавниците. Бројот на пациенти во белгиските болници го надмина пролетниот рекорд, над 6.000 хоспитализирани или по илјада нови секој ден. Виролозите предвидуваат до 6-ти ноември дневниот биланс хоспитализирани да се искачи на 2.000 пациенти.

Бројките не се променија на добро останаа во минус, првата недела имаме повеќе од 100.000 инфицирани, хоспитализациите и понатаму се важни и двојно се зголемуваат секои осум до девет дена, а смртноста се дуплира секои шест дена – Ивес Ван Летем, портпарол на Кризниот штаб за Ковид-19.

Шпанија е пред одлука за продолжување на вонредната состојба до мај идната година, таму бројот на позитивни надмина 1,16 милиони.

Од денеска стапува на сила ограничувањето на движењето меѓу општините во Португалија пред викедот на Ноќта на вештерките и Сите светии. Целта е да се спречат семејните собири за кои властите сметаат дека се дополнителна причина за ширење на коронавирусот. Полициски контролни пунктови се поставени на главните автопатишта и се проверуваат пропусниците на граѓаните. Дневниот пораст на ново инфицирани надмина 4.000, а експертите сметаат дека следната недела тој број може да надмине 8.000 што би го блокирало здравствениот систем.

Луѓето треба да покажат дека одат на работа или било која друга причина која го оправдува нивното излегување во другите општини, ги анкетираме луѓето зошто го напуштаат Лоурес и одат кон Лисабон и ги замолуваме да покажат документација за да потврдат тоа што го зборуваат – Паоло Мартинез, полицаец во Португалија.

Брјот на потврдени случаи на Ковид – 19 во светот надмина 44,35 милиони, додека бројот на смртни случаи е повеќе од 1,17 милиони, соопштува СЗО. Соединетите држави и понатаму се земја со најголем број на потврдени, но и на смртни случаи повеќе од 220.000. Само за 24 часа потврдени над 80.000 новозаразени.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе