Македонија Топ вести

По три месеци судскиот совет ја разгледа претставката Димитриевска за сообраќајката кај Млечен

По речиси три месеци откако беше поднесена, судскиот совет ја разгледа претставката на тетовката, Наташа Димитриевска против судијката која пресуди условна за сообраќајката кај Млечен во која загина нејзиниот сопруг Гоце Димитриевски, а таа беше повредена и го изгуби плодот. Членовите на советот одлучија да  почекаат предметот кој по жалба е во скопска апелација да стане правосилен, па потоа да се произинесат за овој предмет

Наташа Димитриевска која во сообраќајката кај Млечен го загуби сопругот Гоце плодот и беше тешко повредена присуствуваше на седницата на Судсксиот совет на која се разгледуваше нејзината претставка. Таа бара одговорност од судијката која му пресуди условна казна на возачот кој на дупла линија вртел на улицата Теодосиј Гологанов, но судскиот совет донесе заклучок да го следат предметот но да не се мешаат додека не стане правосилен.

Одговор на претставката дала судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. На судскиот совет му пишала дека постапила законски а обвинувањата против неа се неосновани. Објаснила дека обивнетиот признал вина но и дека апелациониот суд е надлежен да се произнесе за пресудата. Потнецирала и дека речиси секогаш една од странките е незадоволна од пресудата.

Димитриевска ја поднесе претставката пред судксиот совет на 7 ми септември. Бараше разрешување на судијката поради нестручно и несовесно работење. Неколку дена подоцна поднесе претставка и до Советот на Јавни обвинители  за обвинителката Снежана Бундалевски што го водела предметот. И од оваа претставка се уште нема исход

Се постапува по предметот. Побарана е информација од вишото обвинителство Скопје но се уште немаме добиено одговор. Доколку има пропусти и незаконитости ќе се обратиме до републичкиот обвинител кој треба да одлучи за поведување на дисциплинска постпака – Ацо Колевски, претседател на Совет на јавни обвинители.

Обвинителството поднесе жалба на условната пресуда и побара апелација да му утврди повисока казна на обивнетиот за тешката сообракајката Васил Чорбаџиев, но одлука се уште нема. Од скопска апелација за телма велат дека вчера го добиле мислењето од Вишото обвинителство предметот, кога може да има одлука не прогнозираат.

Условната пресуда за млечен повлече лавина реакции за казнената политика за сообракајките во кои се губат човечки живот. Судскиот совет да му предложи на Врховниот суд , како надлежен за воедначување на судската практика, да направи анализа и да ја преиспита казнената политика за ваков вид на кривични дела.

Елена Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе