Вести Македонија Топ вести

Четворица нови пратеници во Собранието

Попладнево во Собраниските фотељи трба да седнат четворица нови пратеници: Мирче Аџиоски од ВМРО ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, како и Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска од Коалицијата „Можеме“. Тие веќе ја известиле ДИК дека  ги прифаќаат пратеничките мандати, а поладнево тоа треба да го верификува и Собранието.

Новите пратеници доаѓаат на местото на Игор Дурловски, Бајрам Реџепи, Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска, кои си поднесоа оставки. Ниту еден од нив не даде образложение за оставката, но  се очекува пратениците од владеачките партии да бидат именувани на директорски фунции, а опозицискиот пратеник Дурловски пред неколку дена самиот објави дека како пратеник не може да го направи тоа што го зборувал претходно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе